Знаеме што е најдобро за вас и вашиот бизнис

анализа, стратегија, поврзување.

Македонска Стопанска Комора Ви овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети, Ви помага во пронаоѓањето на деловни партнери, Ве известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално. МСК ги познава условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.