ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење.

Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите, преку Вашата секторска комора или координатор.

Македонска стопанска комора е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги, организација на мултимедијални презентации, семинари и конференции, како дел од сопствените едукативни и консалтинг програми или во соработка и на барање од компаниите, со цел дистрибуција на бизнис - информации за позитивен развој на меѓусебната доверба и деловна соработка.

Македонска стопанска комора Ви обезбедува на Ваше располагање сала за состаноци, сала за конференции како и прес центар. Доколку имате потреба од организација на настан, обука, семинар или конференција согласно Вашите потреби или сакате да бидете дел од настаните во рамки на комората контактирајте не на [email protected]